А. Генерална цел на проектот Дизајн на Претприемачко Размислување Зајакнување на институционалните капацитети на ВЕЗ и подобрување на компетенциите за претприемништво на младите со помалку можности во насока на нивна поефикасна економскосоцијална инклузија во општеството и пазарот на трудот. Б. Специфични Цели на проектот Дизајн на Претприемачко Размислување СЦ1 - Подобрување на структурата на работењето на ВЕЗ преку воспоставување платформа за примена на методологијата за „Дизајн на Претприемачко Размислување“. СЦ2 - Стекнување образовни компетенции за наставен кадар за претприемништво преку развивање и дефинирање модели за мобилност на наставници во европска рамка.
Главни причини заради кои ВЕЗ трејд го аплицираше проектот „Дизајн на претприемачко размислување“ се: 1. Воведување нова образовна технологија во неформалниот сегмент на образовниот систем на Северна Македонијаза стекнување претприамчки компетенции според YouthStart моделот, кој се басира на директивите на документот EntreComp на Европската комисија ; 2. Практикување инклузивно образование на ученици со помалку можности; 3. Подигнување на капацитетите на ВЕЗ трејд за реализирање на кратки обуки за млади и невработени лица. 4. Вмрежување на ВЕЗ трејд со релевантни образовни институции од земји членки на ЕУ.