Со импелеметирањето на проектот „EntreCHALLENGER“ кој вклучи обуки за стекнување претприемачки компетенции за ученици и за наставници од ВЕЗ трејд сакавме да го постигнеме следново: 1. Учениците и наставниците да се подготват за идната економија во која иновативноста и креативноста се од суштинско значење. 2. Да ги поттикне учениците и наставниците да размислуваат надвор од рамката, да развијат иновативни решенија за проблемите на заедницата и да создаваат нови можности. 3. Учениците и наставниците да ги зајакнат личните и професионалните капацитети со претприемачки компетенции за идентификување бизнис можности, преземање ризици и реализација на бизнис идеи. 4. Учениците и наставниците да развијат критичко размислување и способност за идентификување и решавање проблеми со примена на ефкасни решенија. 5. Учениците и наставниците да ги подобрат лидерските способности што ќе им служат добро во нивните идни кариери. 6. Да даде придонес за економски раст и за создавање на подинамична економија со нови бизниси и иновации кои поттикнуваат создавање работни места и просперитет.
Главни причини за аплицирање на проектот EntreCHALLENGER се: 1. Стекнување претприемачки компетенции кај учениците и тренерите од ВЕЗ трејд. 2. Трансферирање на модерна образовна технологија од австрискиот образовен систем во неформалното образование за претприемништво во Македонија. 3. Зајакнување на институционалните капацитети на ВЕЗ трејд за имплементација на меѓународни образовни проекти. 4. Збогатување на образовната понуда на ВЕЗ трејд. 5. Вмрежување со други образовни институции од ЕУ кои дејствуваат на плоето на образование на млади.