Основната цел на проектот беше да и обезбедеме стручна пракса на учениците од електротехничката струка и струката телекомуникации и преку праксата учениците да стекнат нови знаења и вештини кои ќе се и потребни за кариерен развој. Долгорочни цели: 1.Зголемување на можноста за вработување, преку странското искуство кое го стекнаа за време на праксата во Бугарија. 2.Одржливо партнерство со странските партнери кои имаат долгогодишно меѓународно искуство и нудат иновативни пракси во областа на телекомуникациите и електротехниката. 3.По завршувањето на средното образование, нашите ученици да си најдат работа, а со тоа да си го променат социјалниот статус. 4.Зголемување на мотивацијата на наставниот кадар, како на директните учесници (придружните професори и тимот кој го напиша проектот), така и на индиректните. 5. Да ги подготвеме нашите ученици да се соочат со глобализациските процеси (економски, политички, културни), кои се карактеризираат со динамичен развој на техниката и технологијата, равој на економијата и стопанството. Краткосрочни цели: 1.Зголемување на стручните, лингвистичките и социјалните вештини на нашите ученици. Исто така, учениците имаа можност да се запознаат со културата на Бугарија, да стекнат поголема самодоверба, мотивација за личен развој, како и да работата во интеркултурно опкружување. 2. Промени во наставата во согласност со потребите на индустријата. Предизвикот за брз развој на нови знаења и технологии, честите промени на пазарот на трудот, растечката побарувачка за висококвалификувана работна сила, процесот на глобализација и процесот на придружување на Р.С.Македонија во ЕУ, за нас претставуваат мотивација за развој и предизвик да правеме промени и да се усовршуваме во согласност со нив.
Нашето училиште е учествувало и во други проекти финансирани од програмата "Еразмус+", но проектот "Европски стандарди во областа на електротехниката и телекомуникациите" е првиот проект на нашето училиште за стручна пракса на учениците од електротехничката струка и струкaта телекомуникации. И покрај тоа што на крајот на секоја учебна година, странската корпорација "Амфенол" и обезбедува пракса на учениците од електротехничката и механичката струка, сепак ние како училиште, сакавме да го интернационализираме процесот на учење и да и обезбедеме пракса во странство на нашите ученици. За нас како училиште дуалното образование и интернационализацијата на учебниот процес претставуваат долгорочни цели, кои ги применуваме и би сакале да го направеме во иднина со овој проект: - да сме во чекор со новите трендови во индустријата; - да се осигуриме дека по завршувањето нашите ученици ќе ги имаат потребните стручни знаења и вештини, побрзо да се прилагодат на пазарот на трудот и да најдат работа во струката што ја изучуваат; - преку странска пракса да ја развиеме мотивацијата на учениците и професорите; - да ја прошираме нашата партнерска мрежа не само на национално, туку и на меѓународно ниво.