Back to search

Дигитално застапување за активни граѓани

2021-2-MK01-KA152-YOU-0000394162021Mobility of young peopleongoing
Countries: MK|RO|PL|PT|HR|TR · Grant: €12,303
Digital skills and competencesDigital youth workDemocracy and inclusive democratic participation

Objectives

Идеајата за реализација на овој проект беше базирана на неопходната потреба за вклученост на младите во општествените процеси и подигање на импактот на нивниот глас на ниво на општествени разговори. Преку секојдневна работа со млади, како организации, ја согледавме потребата на младите за учество во општеството на возрасните и вклученост на младите во процесот на носење одлуки. Идејата беше да ги оспособиме младите да бидат дел од општеството. Преку имплементација проекот „Дигитално застапување за активно граѓанство“ целевме да ги едуцираме учесниците за значењетето на лобирање и застапување, дигитално општество и дигитализација на процесите, вештини за е-застапување и е-лобирање, подготвување на стратегија за е-застапување, достапни е-канали, дефинирање на пораката на е-застапувањето, како да се преговара со креаторите на политики и други компетенции. Адолесцентниот период кај младите претставува конфузна етапа кога нивните потреби им стануваат појасни. Кај младите се појавуваат и изострени мислења поврзани со општеството во кое живеат и процесите кои ги засегат нив. Во овој период нивните потреби се претвараат во барања и нивното однесување станува често неразбирливо. Во позадина на овие барања секогаш лежат лични потреби кои кај младите варираат. Најголем проблем се јавува кога барањата на младите се неупатени, неодговорени, нетретирани или игнорирани. Во ваков момент кај младите се манифестираат разни видови на незадоволство кои придонесуваат за иселување на младите и појавуавање потешкотии кај нив во само-пронаоѓање. Една од целите на овој проект е да ги оспособи младите да влијаа за промена на сопственото општество. Дополнителна цел беше да се зајакнат дигиталните вештини и капацитети за е-застапување кај младите за да се поттикнат младите да бидат активни членови на општествените процеси. Притоа да им се даде можност да ги подобрат компетенциите како: - Комуникациски способности на мајчин и англиски јазик; - Дигитални компетенции и употреба на дигитални (е-) канали за дистрибуција на нивната иницијатива; - Социјални е-компетенции за лобирање и застапување; - Е-вештини за водење на кампања; - Вештини за е-застапување; - Јавно говорење, медиумска писменост и медиумско изразување; - Е-инклузивност, чувство на Европска припадност и Европски вредности. Проектото имаше за цел и зајакнување на капацитетите на младите преку зајакнување нанивните разни вештини и методи за дигитализација и е-застапување, а со тоа младите да можат да бидат поактивни чинители на општествените процеси и да се стекнат со чувство на национална и Европска припадност. Со други зборови, проектот цвели со зајакнување на младинските капацитети во повеќе полиња да им се даде можност на младите да станат креатори на општествените процеси, а притоа и кретори на својата иднина. Со ова ќе се намали бројот на млади кои се иселуваат поради незадоволство, исклученост од општествени процеси и дивијантни потреби. Поспецифично, овој проект целеше преку неформална и информална едукација да се постигне оспособување на младите со следните вештини: Вештини за детектирање и препознавање на проблемите во општеството; - Вештини за истражување и пронаоѓање на изворот на проблемот; - Вештини за е-комуникација; - Вештини за дигитализација, дигитална писменост и медиумско изразување; - е-вештини за издигнување на проблемот на ниво на младиснки разговор; - Вештини за е-групирање и е-соработка; - Вештини за јасно поставување на целите за решавање на проблемот; - Вештини за препознавање и откривање на тоа кој може да го реши проблемот; - Вештини за креирање и водење на е-кампања; - Вештини за пронаоѓање и вклучување на инфлуенсери или познати лица кои ќе помогнат во е-кампањата; - Вештини за евалуација на процесот на е-застапување; - Канали за е-застапување; - Методи на е-застапување. Овие цели се поврзуваат со специвични цели од Еразмус+ програмата за промоција на неформална и информална мобилност за едукација на млади. Младите работеа на дигитална трансформација, инклузија и учесво во демократскиот живот. Преку проектот учесниците имаа можност да ги зајакнат нивните капацитети и да развијат мрежа на комуникација со други млади ширум Европа, притоа добивајќи чувство на Европски вредности и припадност.

Project partners (6)