Проектот „EntreYou(th)“ е насочен кон поддршка на младите во стекнување практични знаења, вештини и компетенции за основање и успешно управување со сопствен бизнис. Преку употреба на иновативни пристапи, како што се изработка на бизнис модели и комбинирано учење, проектот ја поттикнува креативноста и претприемачкиот дух. Проектот обезбедува еднаков пристап до образование за младите со помалку можности, притоа унапредувајќи го квалитетот на обуките.
Проектот „EntreYou(th)“ го поттикнува младинското претприемништво. Неговата главна цел е да обезбеди претприемачки компетенции и подобрување на вработливоста кај младите. Проектот ја зајакнува интернационалната соработка со трансфер ма модерна образовна технологија, што е во согласност со мисијата на „ВЕЗ Трејд“. Со проектот „ВЕЗ Трејд“ се позиционира како активен субјект во неформалното образование, поддржувајќи ги европските и националните иницијативи за економски развој и инклузивност.