Нашата цел со реализација на овој проект беше овозможување на практична настава во модерни и иновативни услови, стекнување на нови знаења и вештини, зголемување на мотивацијата кај учениците, пренос на искуства во училиштето, градење соработка со европски компании и унапредување на наставниот процес според европски стандарди.
ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово е средно стручно училиште со 64-годишна традиција, кое нуди образование во електротехничка, машинска и здравствена струка. Со проектот се настојува унапредување на практичната настава преку мобилност во компании од ЕУ, кои применуваат иновативни и еколошки методи во електроенергетиката и мехатрониката, со цел создавање конкурентен и стручно подготвен кадар.