Back to search

Да танцуваме заедно со Еразмус: да ги срушиме сите бариери!

2024-1-MK01-KA152-YOU-0002054032024Mobility of young peoplefinalized
Countries: MK|TR|ES|AT|BG · Grant: €28,471
Creativity, arts and culturePhysical and mental health, well-being

Objectives

Идејата за овој проект произлезе од внимателно набљудување на начинот на кој дигиталната ера влијае врз младите луѓе. Забележавме значителни промени во нивното однесување - сè помалку комуницираат вербално, сè повеќе се изолираат и повлекуваат во себе, а проблемите како емоционална нерамнотежа, анксиозност, депресија и ниска самодоверба стануваат сè почести. Сето тоа доведува до сериозни потешкотии во себеизразувањето, социјализацијата, донесувањето одлуки и воспоставување здрави односи со околината. Како одговор на овие предизвици, одлучивме да го направиме она што најдобро го знаеме - да танцуваме, и преку танцот да создадеме простор за изразување, ослободување и поврзување. Преку овој проект - Младинска Размена со 36 учесници од 5 различни земји, целевме да го искористиме танцот како моќна форма на невербална комуникација и средство за личен развој. Нашата основна цел беше преку креативни движења да ги поттикнеме младите да ја истражат својата внатрешност, да ги ослободат емоциите што ги држат заробени и да изградат поголема самодоверба, самоприфаќање и свесност за себе и за другите. Проектот беше насочен кон: Промовирање на емоционалната благосостојба и менталното здравје кај младите преку танцот како алатка за ослободување од стрес и за надминување на внатрешните бариери; Поттикнување на младите да се поврзат преку културата, музиката и уметноста, и да изградат меѓусебна доверба и разбирање; Создавање простор за младите да развијат меки вештини како тимска работа, комуникација, решавање конфликти, презентација и емпатија; Охрабрување на младите да ја прифатат својата индивидуалност, но и да ги прифатат различностите кај другите, рушејќи ги предрасудите и стереотипите; Поттикнување на меѓукултурниот дијалог преку интернационални активности кои ја истакнуваат различноста и културното наследство на секоја земја; Потсетување на младите на важноста од грижа за физичкото и менталното здравје, и како уметноста, особено танцот, може да придонесе кон нивно подобрување; Обезбедување инклузивна средина каде што секој млад човек, без разлика на физичките, социјалните или економските бариери, ќе може да се чувствува прифатен и вреднуван; Промовирање на Еразмус+ како програма која ги зближува младите преку креативност, движење, забава и заеднички вредности. Овој проект беше дизајниран со цел да поттикне лична трансформација, зајакнување и вклученост преку уметничко изразување. Веруваме дека кога младите ќе имаат слобода да се изразат, да бидат слушнати и прифатени, тогаш се отвораат вратите за вистинска промена - во нив и во општеството. Танцот не ни беше само метод, туку универзален јазик преку кој ги пренесовме нашите пораки и ги поврзавме срцата на младите од различни култури. Овој проект овозможи креирање и на долгорочни резултати кои ќе служат понатаму и за потребите на организациите, и на учесниците. Преку нив, проектот ќе трае и ќе потсетува на моќта што ние ја имаме во рушење на бариерите, и се надеваме ќе мтивира и понатаму за други настани и проекти. Танцот има моќ да ги руши бариерите, да гради мостови меѓу различни култури и да ги поттикне младите да се поврзат – прво со себе, а потоа и со светот околу нив. Ова не беше само проект, туку заедничко патување на млади луѓе кои преку движење ја најдоа слободата, поддршката и инспирацијата што им беа потребни. кој ги пренесовме нашите пораки и ги поврзавме срцата на младите од различни култури.

Project partners (5)