Главна цел на овој проект беше да се изградат капацитетите на граѓанските организации кои работат со млади кои употребуваат дроги за развивање на родово сензитивни програми за намалување на штети од употреба на дроги. Согласно резултатите од евалуацијата на тренингот сметаме дека оваа цел е постигната. Пред почетокот на тренингот сите учесници пополнија тест со кој ги проценивме нивните знаење за темата на тренингот. Истиот тест беше направен и по завршувањето на тренингот и на тој начин можевме да видиме колку овој тренинг ги зголемил знаењата на учесниците. Пред почетокот на тренингот во просек 50% од учесниците дадоа точен одговор на тестот, додека после завршувањето на тренингот точен одговор дадоа 95% од учесниците . Очигледно е дека тренингот ја постигнал основната цел на проектот. Освен тоа беше изработен и водич за креирање на родово сензитивни програми за намалување на штети од употреба на дроги кој нуди практични алатки за организациите што работат со млади кои употребуваат дроги. Тоа дополнително ќе придонесе за јакнење на капацитетите на граѓанските организации кои работат со млади кои употребуваат дроги за развивање на родово сензитивни програми за намалување на штети од употреба на дроги.
Ние сме организации кои повеќе од 20 години работиме со млади луѓе кои употребуваат дроги. Сите три организации имаме развиено програми за намалување на штети од употреба на дроги. Според достапните податоци програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Севрна Македонија , Србија и Чешка најверојатно се родово неутрални или воглавно машки ориентирани. Потребите на жените кои употребуваат дроги не се земаат во предвид при креирањето на програми за намалување на штети од употреба на дроги. Очигледно е дека овие програми помалку или повеќе не се доволно родово сензитивни и огромна е потребата од нивна трансформација. Затоа со активностите од овој проект, пред се преку тренингот на млад кадар од граѓанските организации и преку креирањето на водич за развивање на родово сензитивни програми за намалување на штети од употреба на дроги сакавме да овозможиме нашите програми но и програмите на другите граѓански организаци кои работат со млади кои употребуваат дроги да бидат повеќе достапни и поквалитетни што ќе доведе и до поголема нивна успешност во насока на намалување на штетите од употребата на дроги помеѓу сите млади без оглед на тоа дали се женски или машки лица.