Целта на проектот беше да се обезбеди квалитетна практична обука за учениците – идни медицински сестри, во европски здравствени установи. Преку тоа се стремевме кон зголемување на нивните стручни компетенции, подобрување на практичните вештини и можностите за вработување, како и унапредување на квалитетот на наставата.
Проектот се реализира во рамки на стручно образование и обука, нашето училиште „Наце Буѓони“ меѓу другите стручни профили, образува и ученици од здравствена струка – идни медицински сестри. Потребата произлегува од недостиг на практична обука според европски стандарди, со цел подобрување на нивните вештини, компетенции и можности за вработување.